Ренова последен четвртфиналист во Купот на Македонија

Ренова е последниот четвртфиналист во Купот откако денеска со ремито 1-1 против Тиквеш го завери тој пласманот меѓу најдобрите осум.

Првиот меч во Кавадарци заврши со триумф од 2:0 на тетовци, и тимот имаше лесна задача да ја задржи предноста во реваншот. Тиквеш дојде до предност со голот на Илиески во 22-та минута, а Ренова израмни во самиот финош со голот на Адеми.

Во четвртфиналето во Купот пласман вчера остварија Академија Пандев, Шкупи, Шкендија, Лабуништа, Работнички, Струга Трим Лум и Брегалница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.