„Репортери“ без граници го осудија лажното убиство на Бабченко

Организацијата „Репортери без граници“ го осудија лажното убиството на рускиот новинар Аркадиј Бабченко и го нарекоа „беден трик“. Како што медиумите во Украина првично пренесоа, Бабченко вчера бил застрелан пред влезот на зградата во која што живеел во Киев, а подоцна починал во болница. Веднаш реагираа од Москва, која порача на Киев да го пронајдат убиецот и да ги расветлат сите убиства на Руси во изминативе години во Украина.

Меѓутоа, во текот на денот Бабченко се појави на прес-конференција заедно со првите луѓе на безбедносните служби на Украина, за да објаснат дека го исценирале убиството. Според нив, на новинарот му се подготвувал атентат, па тие го лажирале убиството, за да го фатат атентаторот. Наводно руските служби му платиле 30.000 евра на убиецот, Украинец кој се борел на фронтот во источна Украина.

Шефот на „Репортери без граници“, Кристоф Делоар изјави дека направеното е жално и „жали што украинската полиција си игра со вистината, каков и да е нивниот мотив … за овој трик“.

Претходно портпаролот на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова напиша на Фејсбук „Тоа што Бабченко е жив, е најдобрата вест. Штета, сепак, дека маскарадата не успеа. Тоа дека во целата приказна е заложен пропагандистички ефект е очигледно“ .

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.