Лазаров го скрати списокот на играчи на кои ќе смета за ЕП, контролни тестови со Кувајт и Израел

Македонската ракометна репрезентација за неколку дена ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство кое е на програмата наредниот месец во Унгарија и Словачка.

Поради тоа селекторот Кирил Лазаров денеска го скрати списокот на играчи од 35 на 24 ракометари (заедно со него) кои ќе ги одработат завршните подготовки и од кои ќе се формира конечната листа на патници за континентелниот собир.

Првиот собир е закажан за 22 декември во 12 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.

Инаку нашиот национален состав за време на припремниот период ќе одигра пријателски средби против Кувајт и Израел во Маврово и Скопје.

Македонија на ЕП  е во група со Словенија, Данска и Црна Гора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.