21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Репрезентативецот Велковски направи свадба за паметење – неговата сопруга со стомак до заби, репрезентативецот клекна и на колена (ФОТО)

Дарко Велковски, стандардниот фудбалски репрезентативец на Македонија кој игра за хрватскиот прволигаш Ријека ја ожени својата долгогодишна девојка, манекенката Тамара Чуприна, која е во поодмината фаза на бременоста. Пред да станат за прв пат родители, стоперот и манекенката законски ја официјализираа својата врска, а љубовта ја крунисаа со брак.

На венчавката која била од интимен карактер присуствувале само најблиските членови на семејствата и тесен круг на роднинии пријатели на младенците.

Свадбената веселба се одвивала во еден познат локал, а на неа расположението, радоста и среќата евидентни.

Најрасположена секако невестете, која речиси секој ден ја очекува семејната принова, но тоа не ја спречило манекенката со високо крената рака да запее и заигра со другарките и роднините.

Претходно, свадбениот валцер на младоженците со чаша в рака за – „наздравје“ на денот, на чинот, на сватовите, гостите, на сите… За среќен и долговече брак на младите и секако, многудетно семејство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.