„Република“: Насилство место програма

Игра­та со ра­ди­ка­ли­за­ци­ја не е ни­ту но­ва ни­ту не­поз­на­та за СДСМ, опо­зи­ци­ја­та и за Со­рос

Ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та не е но­ва кар­та на Со­ро­со­ва­та опо­зи­ци­ја, гра­ѓа­ни­те ја тр­пат уште од по­че­то­кот на 2013 го­ди­на. Не­ма раз­ли­ка ни­ту во од­не­су­ва­ње­то на т.н. твор­ци на јав­но мне­ние, чи­ја­што ма­ри­о­нет­ска уло­га им е по­ми­ла од оп­штес­тве­на­та, па за­бо­ра­ва­ат де­ка на нив­на ду­ша ќе се пре­пи­ше до­кол­ку се слу­чи не­што од тоа на што по­ви­ку­ва­ат. Раз­ли­ка има са­мо во мож­но­ста од ефе­ктот на бу­ме­ранг на ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та од гра­ѓа­ни­те, под при­ти­сок на од­зе­ме­на­та ид­ни­на, анализира неделникот „Република“.

Во Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но се игра на кар­та­та на ра­ди­ка­ли­за­ци­ја на со­стој­ба­та. Отка­ко ста­на јас­но де­ка, ме­сто по­ли­тич­ко­то ра­ко­водс­тво на Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз, по­ли­ти­ки­те и по­те­зи­те ги кро­јат т.н. „гра­ѓан­ски ор­га­ни­за­ции“, тие се­га под пла­штот на­ре­чен „Гра­ѓа­ни­те за Ма­ке­до­ни­ја“ опре­де­ли­ја рок по кој ќе во­ве­ле ра­ди­ка­лен от­пор ако не им се ис­пол­нат ба­ра­ња­та. Нив­ни­те ба­ра­ња се екви­ва­лент на ба­ра­ња­та по­ра­ди кои и про­пад­наа пре­го­во­ри­те во Бри­сел, ка­де што пар­ти­ски­от пот­пис­ник Зо­ран За­ев поп­лу­ка врз да­де­ни­от и пот­пи­шан збор пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца во Скоп­је. Всуш­ност, се­га се ба­ра бр­зо ре­ше­ние отка­ко За­ев со шмек на стру­мич­ки тр­го­вец по­ра­чу­ва­ше де­ка ако на Хан му се бр­за, за не­го не е страш­но да се од­ло­жи до­го­во­рот. И се­га исти­те твор­ци на мис­ле­ње­то на За­ев кои го учеа да мол­чи на сред­ба­та во Бри­сел – ду­ри и да би­де ква­ли­фи­ку­ван ка­ко не­до­ве­тен – при­ти­ска­ат на бр­зо ре­ше­ние „за де­се­ти­на де­на“, но по нив­на вол­ја. Ако не – ра­ди­ка­ли­за­ци­ја.

„Гра­ѓа­ни­те“ што та­ка би­стро­ум­но гра­дат „ви­со­ка по­ли­ти­ка“ се исти­те што по ди­ктат на глав­ни­от из­вор на фи­нан­сии, Со­ро­со­ва­та фон­да­ци­ја, вле­таа во игра­та де­ка Хан е по­тку­пен, де­ка ре­жи­мот е го­тов, па ду­ри и де­ка тие тре­ба да се­дат на пре­го­ва­рач­ка­та ма­са. Љу­бим­ци­те на Со­рос се по­сто­ја­ни: Фо­рум – цен­та­рот за стра­те­ги­ски истра­жу­ва­ња и до­ку­мен­та­ци­ја, глав­ни­от из­вор на ка­дри за СДСМ; нај­ста­ра­та НВО-ќер­ка „Ме­та­мор­фо­зис“, „Ма­ке­дон­ски­от цен­тар за европ­ско обра­зо­ва­ние“ на Ли­ди­ја Ди­мо­ва. Онаа Ди­мо­ва што во 2012 го­ди­на по­ба­ра уки­ну­ва­ње на фон­до­ви­те на ИПА за Ма­ке­до­ни­ја би­деј­ќи би­ле „не­ус­пеш­на при­каз­на“, ка­ко што де­нес ги оце­ну­ва и стран­ски­те ин­ве­сти­ции во Ма­ке­до­ни­ја. На ли­ста­та на „гра­ѓа­ни­те“ се и Хел­син­шки ко­ми­тет, по­тоа Син­ди­ка­тот на дип­ло­ма­ти­те на со­пру­гот на Мир­ја­на Нај­чев­ска, а за­ед­но со дел од не­кол­ку те­ла на Хел­син­шки­от ко­ми­тет и на Со­ро­со­ва­та фон­да­ци­ја. Сле­ду­ва „Ци­вил“ на Џа­бир Де­ра­ла, кој му по­ра­ча на Хан де­ка е не­ин­фор­ми­ран; па „Точ­ка“ на Ни­ко­ла Ге­лев­ски; НВО ин­фо­цен­три; раз­но­раз­ни со­би­ри ка­ко АЈ­ДЕ, Пло­штад сло­бо­да, Ини­ци­ја­ти­ва за гу­шка­ње на тр­гов­ски цен­три; сле­ду­ва­ат цен­три со секс, транс и ЛГБТИ пре­фи­кси и, се­ка­ко, де­се­ти­на ор­га­ни­за­ции од Стру­ми­ца и на­сел­би­те во оп­шти­на­та ко­ја за две евра по ква­дра­тен ме­тар ја ра­ко­во­дат За­е­ви.

„Гра­ѓа­ни“ се и Бран­ко Ге­ро­ски, Љу­бо­мир Фрч­ко­ски и Са­шо Ор­да­нов­ски – глав­ни­те кре­а­то­ри на ста­во­ви­те и мол­че­ња­та на За­ев. При­тоа, вчу­до­ви­ду­вач­ко е ни­ско­то ни­во на ко­му­ни­ка­ци­ја кое исте­ку­ва од нив, ка­ко и од са­те­ли­ти­те на тоа друш­тво. Ми­рос­лав Гр­чев, еден од нив, за пор­та­лот на Ге­ро­ски, фи­нан­си­ран од Со­рос, во ко­лум­на нас­ло­ве­на „ВМРО да се ИСКОР­НЕ од ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва“ по­ви­ку­ва на „де­ра­ти­за­ци­ја, де­зин­сек­ци­ја, де­зин­фек­ци­ја и де­кон­та­ми­на­ци­ја на си­те ин­сти­ту­ции на др­жа­ва­та и оп­штес­тво­то од смр­то­нос­ни­от ген на ВМРО-ДПМНЕ… Вмров­ски ген мо­ра да се искор­не од те­ло­то на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва и да се фр­ли на бу­ни­ште­то на исто­ри­ја­та“. Гр­чев и при­ја­те­ли­те, гле­дај­ќи се ка­ко твор­ци на јав­но мис­ле­ње, до­ле­ва­ат мас­ло на ог­нот за­бо­ра­вај­ќи на глав­на­та уло­га во оп­штес­тво­то. За­бо­ра­ва­ат де­ка се­чи­ја од­го­вор­ност е да не се пот­па­лу­ва си­ту­а­ци­ја­та и де­ка во та­ква си­ту­а­ци­ја се­кој збор што во­ди кон на­силс­тво има те­жи­на на че­кан, а сѐ што ќе би­де ка­жа­но и на­пра­ве­но ќе им би­де при­пи­ша­но ним.

Но, игра­та со ра­ди­ка­ли­за­ци­ја не е ни­ту но­ва ни­ту не­поз­на­та за СДСМ, опо­зи­ци­ја­та и за Со­рос. И се­ко­гаш со исти ба­ра­ња „за сло­бо­да и за де­мо­кра­ти­ја“, но не со про­гра­ма, ту­ку пре­ку го­вор на омра­за и ши­ре­ње ла­ги кои единс­тве­но но­сат зло. Ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та е во игра уште од 2013 го­ди­на ко­га СДСМ го бло­ки­ра­ше со­о­бра­ќа­јот на кр­стос­ни­ци­те во Скоп­је и ба­ра­ше „тр­пе­ние и раз­би­ра­ње од гра­ѓа­ни­те на Скоп­је за бло­ка­ди­те“ за­што тоа го пра­вел „за вра­ќа­ње на де­мо­кра­ти­ја­та“. И то­гаш има­ше ли­дер­ски сред­би, и то­гаш СДСМ бе­га­ше од из­бо­ри. Ни­ту то­гаш ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та го спа­си СДСМ на из­бо­ри ни­ту, пак, се­га ќе го спа­си.

Де­но­ви­ве, пак, освен бе­га­ње од из­бо­ри – за кои СДСМ се сог­ла­си со пот­пи­сот на За­ев – тоа зло се ви­ка и за­гро­зу­ва­ње на евро­ин­те­гра­ци­и­те, за кои Европ­ска­та ко­ми­си­ја, но и си­те дру­ги те­ла во Уни­ја­та, е под­го­тве­на да ги овоз­мо­жи за Ма­ке­до­ни­ја со де фа­кто отво­ра­ње на пре­го­во­ри­те за членс­тво во Уни­ја­та – а за ко­ја­што под­го­тве­ност све­до­чат и ше­сте ед­но­по­дру­го пре­по­ра­ки од ЕК. И се­то тоа Со­ро­со­ва­та гру­па ко­ја вла­дее со СДСМ го ста­ва зад сво­и­те лич­ни ин­те­ре­си, на­вод­но во име „на гра­ѓа­ни­те“.

Целата анализа прочитајте ја на Република

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.