Република: Што се случило на средбите во Атина, како минал Димитров во Грција?

Пред посетата на Атина самоуверениот министер за надворешни работи Никола Димитров кај повеќе преставници на меѓународната заедница кажал дека тој ќе го деблокира процесот за зачленување на Македонија во Европската унија и во НАТО со тоа што ќе ги шармирал Грците.

Информациите стасале и до Атина, и иако малку изненадени и збунети грчките претставници со нетрпение очекувале да го видат тоа. Па така Димитров и Зоран Заев откако претходно создадоа атмосфера дека ќе добиеме покана за НАТО и отворање поглавја за ЕУ со привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија, креираа впечаток дека Грците веќе се шармирани.

Според извори на Република, Димитров започнал со „шармирањето“ и со неговите добро познати фрази од типот „каков сосед сакате да имате“ и слично . Откако ја отпеал напамет научената слаткоречива песна и барањето за деблокада на процесите добил и одговор. Еве ги точките од одговорор:

1. Неприфатливо е да добиете покана за НАТО и да отпочнете преговори со ЕУ со референцата

2. Мора претходно да го смените името. Идентитетот, односно името на нацијата и јазикот треба да ја следат судбината на името на државата

3. Новото име освен во пасошите треба да стои и во личните карти, бидејќи кога ќе станете членки на ЕУ вашите граѓани ќе можат да патуваат во ЕУ со лични карти

4. Бараме да го смените и Уставот и името во него

5. Бараме да немате референдум бидејќи ако имате и не успее потоа најмалку 20 години не може пак да се отвори ова прашање

6. Бараме Парламентот да донесе одлука за името

7. Бараме и опозицијата да го поддржи решението бидејќи не сакаме да имаме проблеми кога таа ќе се врати на власт

8. Бараме да ги тргнете сите антички споменици во Македонија.
Нашиов шармер не знаел каде е вратата, пишува Република. Само прашал дали тие сметаат дека треба да се „рушат“ споменици со што потврдно му било одговорено. Оттогаш никој во Владата не зборува за брзо решение, и фокусот е да се тргне лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од челната позиција во партијата или да се уапси. Прашањето е оставено за решавање по локалните избори или следната година, со надеж дека дотогаш ќе се елиминира Груевски или со негово апсење или на локалните избори со користење на сите средатва и инструменти ќе се порази ВМРО-ДПМНЕ и со тоа сегашниот лидер ќе биде сменет и ќе се отвори простор за промена на името.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.