Републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом

Според најновите проекции од американските избори на средината од мандатот, републиканците во средата го освоија мнозинството во Претставничкиот дон, со што е подготвен теренот за двегодишната поделба на власта во американскиот Конгрес, имајќи предвид дека демократите на претседателот Џо Бајден ја задржаа контролата над Сенатот.

Благодарејќи на мнозинството во Претставничкиот дом, републиканците ќе можат да го спречат Бајден во спроведувањето на неговата политичка агенда, и да покрената потенцијално политички штетни истраги против неговата администрација и неговото семејство.

По повеќе од една седмица пребројување на гласовите, Edison Research проектираше дека републиканците освоиле 218 мандати, со преземани 18 места, кои им се потребни за контрола над Претставничкиот дом. Пресудниот 218-ти мандат партијата го освои во 27-от конгресен округ во сојузната држава Калифорнија.

Иако претседателот Бајден ја загуби контролата над долниот дом на Конгресот, изјави дека очекува соработка со републиканците., На минатонеделната прес-конференција рече дека смета оти „американскиот народ јасно даде до знаење дека очекува републиканците, исто така, да бидат подготвени да работат со мене“.

Иако изостана очекуваниот ткн „црвен бран“ на републиканците во Претставничкиот дом, конзервативците се придржуваат до својата програма. Како одмазда за двата обида за отповикување на нивниот поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во средата најави нова кандидатура за претседателските избори во 2024 година, републиканците се подготвуваат да отворат истраги за функционери од администрацијата на Бајден, и особено за деловните односи за неговиот контроверзен син Хантер со Украина, Кина и други земји.

Едно од стравувањата, пред сѐ во Европа, е дека републиканците би можеле да се обидат да ја намалат американската воена и економска помош за Украина во нејзината војна против Русија, за сметка на проблемите во домашната економија.