Републиканците и Трамп сакаат да го оспорат потврдувањето на електорските гласови во пет држави

Група републикански пратеници, предводени од конгресменот Морис Брукс од сојузната држава Алабама ќе го направат последниот обид да ги оспорат резултатите од претседателските избори на 3-ти ноември во текот на гласњето за потврдување на резултатите од електорскиот колегиум (колеџ) во двата дома на Конресот на 6-ти јануари, објави весникот The New York Times во неделата.

Истовремено и републиканскиот претседател Доналд Трамп во неделата повторно изјави дека не ги признава резултатите од изборите за кои тврди дека се украдени, што се толкува како обид да го поткопа електроскиот колегиум кој во понеделник треба официјално да ја потврди победата на демократот Џо Бајден.

Во разговорот за телевизиската мрежа Fox News, Трамп повторно порача дека спорот во врска со изборите „не е готов“. Интервјуто снимено во саботата, беше емитувано во неделата по локално време. „И ќе продолжиме и натаму со тоа“, рече Трамп. Не одговори притоа прецизно дали ќе присуствува на инугурацијата на 20-ти јануари на 46-от претседате на САД.

Судовите по подолго одлучување и под притисок на јавноста а во прв ред медиумите и политичкиот естаблишмент во Вашингтон, па дури и Вргховниот суд во петокот, ги одбија претставките и тужбите од тимот на Трамп за изборни нарушувања и злоупотреби при пребројувањето на гласовите.

„Според Уставот, имаме повеќе овластувања од Врховниот суд, од кој и да е федреален суд или суд во сојузна држава. Како што ќе кажеме ние, така ќе биде. Оваа пресуда ќе биде конечна“, изјавил во неделата конгресменот Бруск, пренесе NYT.

„Мојата главна цел се состои во тоа да се исправи крајно погрешниот изборен систем во Америка, кој овозоможува премногу лесно да се фалсификуваат или крадат гласовите. Постигнувањето на оваа цел ќе му донесе на Доналд Трамп изборна победа во електорскиот колегиум, јас лично верувам во тоа“, појасни Брукс.

Ба 6-ти јануари на заедничко заседание на двата дома на Конгресот, со коешто ќе претседава потпретседателот Мајкл Пенс, треба да бидат потврдени резултатите од гласањето на електорскиот колеџ. Брукс има намера да го искористи своето право да поднесе посмен протест (претствка) против потврдувањето на електорските гласови во петте важни сојузни држави Аризона, Пенсилванија, Невада, Џорџија и Висконсин, каде што ноќта на 3-ти ноември републиканецот Трамп имаше солидно водство, но кое започна да се топи следните денови по вклучувањето на гласовите по пошта во кои наводно Бајден освојувал и по многукратно повеќе гласови отколку што добил на самите избирачки места.

Во овој случај, по поднесокот на Брукс, Претставничкиот дом, каде мнозинството го имаат демократите, и Сенатот во кој мнозинството го имаат републиканците, треба да го прекинат заедничкото заседание поради одделно разгледување и гласање за поништување на електорските гласови во споменатите сојузни држави.

Долниот дом на Конгресот, кој го контролираат демократите, веројатно нема да одобри никакво оспорување на гласовите за Бајден. Доколку нема консензус, како што истакнува NYT, претставката нема да биде прифатена. Весникот смета дека планот е осуден на неуспех. И демократите и републиканците повеќепати преземале слични иницијативи, но од XIX век досега не успеале да ја постигнат целта, пишува The New York Times.

Засега ниеден републикански сенатор не изјавил официјално дека ќе ја поддржи иницијативата на Бруск. Неговите сопартијци, Рон Џонсон од Висконсин и Ренд Пол од Кентаки, кои се жестоки поддржувачи на претседателот Доналд Трамп, јасно ставија на знаење дека се отворени за ваков предлог. Но републиканците кои и претходно беа против Трамп, Патрик Туми од Пенсилванија, Сузан Колинс од Мејн, Лиса Мурковски од Алјаска и Мит Ромни од Јута остро се спротиставуваат. Нивните гласови, според оцената на NYT, ќе бидат доволни за да се спречи дисквалификување на електорските гласови.

Но и покрај тоа, Брукс се бори да ја консолидира поддршката за неговата иницијатива, и во текот на минатата седмица конгресменот се сретнал со неколку влијателни сентари, меѓу кои Мајкл Ли од Јута. Неговиот план се очекува да го поддржат и републикаците во Претставничкиот дом, Мет Гетц од Флорида и Скот Пери од Пенсилванија. Сепак, односот на сопартијците во долниот дом на Конгресот на замислата на Брукс е многу претпазлив, поради стравот да не ја загубат поддршката од обичните гласачи, тврди весникот.

Според написот во NYT, во најтешка ситуација може да се најде потпретседателот Мајкл Пенс, кој како што забележува весникот демонстрираше доследна лојалност кон претедателот Доналд Трамп, но за разлика од шефот на државата се обидел да се придржува до словото на законот. Потпретседателот на САД воедно е и претседател на Сенатот, и тој ќе претседава со заедничката седница на двата дома, на којашто треба да се потврдат резултатите од електорскиот колегим.

Трамп не покажал особен интерес за иницијативата на Бруск, велат изворите на The New York Times. Неговите помошници појасниле дека тој целото внимание го насочува кон тужбите поднесени во судовите во повеќето сојузни држави.