Републиканец победи на посебните избори за Конгресот во Охајо

Републиканскиот кандидат за конгресмен Вилијам Трој Балдерсон е прогласен во петокот е прогласен за победник на посебните избори за Конгресот во сојузната држава Охајо, што е последниот тест за можностите на Републиканската партија да се спротистави на посакуваниот раст на Демократската партија за изборите во ноември.

По две седмици пребројување на дополнителните гласачки ливчиња во округот Френклин, каде низ историјата републиканците лесно победувале, Балдерсон е прогласен за победник. Балдерсон освоил 104.328 гласови, односно 50,12 отсто од вкупниот број, додека противникот од Демократската партија, Дени О’Конор освоил 102.648 гласови или 49,32 отсто.

„Благодарен сум на поддршката којашто ја добив од гласачите и се радувам што ќе го застапувам дванаесеттиот конресен округ од Охајо во Конгресот… Дено О’Конор добро се бореше, но се радувам на здобивањето поддршка од гласачите по четврти пат“, изјави Балдерсон.

Американската јавност овие посебни избори ги следеше како своевиден референдум за лидерството на претседателот Доналд Трамп и последна можност за мерење на силата на Демократската партија во пресрет на изборите за Конгресот во ноември, на кој Републиканската партија ќе се обиде да го задржи мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот.

И покрај поразот, демократите се надеваат дека ќе го задржат ентузијазмот на партиската база. Републиканците ја користат тесната победа како предупредување дека многу претставнички места во Конгресот би можеле да бидат загубени, доколку кандидатите не инвестираат многу во своите кампањи.

Посебните избори се одржани за да се избере заменик за конгресменот Пат Тибери, кој поднесе оставка за да се вработи во деловна групација. Имајќи предвид дека со изборите се заменува местото на Тибери, а неговиот мандат трае до јануари, новите избори ќе бидат одржани во ноември, а кандидати повторно ќе бидат Балдерсон и О’Конор.