Републиканецот Меккарти тврди дека Трамп прифатил „одредена одговорност“

President Donald Trump (R) speaks beside House Majority Leader Kevin McCarthy (L)

Американскиот претседател Доналд Трамп признал дека понесува „одредена одговорност“ за минатонеделниот упад во Конгресот, тврдел водачот на републиканците во парламентот Кевин Меккарти во разговорт со сопартијците во понеделникот, потврдиле за Reuters два неименувани извора запознати со содржината на тој состанок.

Меккарти, кој самиот го обвини Трамп за насилството, ги споделил поединосите од телефонскиот разговор со републиканскиот претседател на САД во текот на двочасовниот виртуелен состанок со републиканските пратеници, од кои многумина застапуваат спротиставние гледишата за упадот на Капитол Хил, додале соговрниците на агенцијата.

Илјадници приврзаници на Трамп од непрегледната маса која протестираше минатата среда во Вашингтон упаднаа во Конгресот принудувајќи ги пратениците во бегство кои се собраа на заедничката седница на двата дома на парламентот за да ги потврдат гласовите од електорскиот колегиум со кои победил демократот Џо Бајден. Демонстрантите се убедени, како и Трамп, дека изборите се лажирани во полза на Бајден, откако републиканецот во првите податоците по 3-ти ноември имаше солидно водство, особено во главните сојузни држави. Упадот на Капитол Хил резултираше со пет жртви.

Трамп во почетокот не го осудуваше упадот, повторувајќи дека демонстрантите се противат на изборната измама и нарекувајќи ги „многу извонредни“ луѓе, откако двапати по сцените на насилствата ги повика да се повлечат од Конгресот. Ден подоцна за насилставата објави дека се „гнасен напад“ и вети непречен траснефр ан власта, иако сѐ уште не го признава поразот.

Откако уште во средата додека траеше неколкучасовниот хаос во Конгресот, Трамп ја активираше Националната гарда, во понеделникот одобри прогласување вонредна состојба во Вашигнтон до 24-ти јануари, откако имаше информации за наводни безбедносни ризици и закани за инаугурацијата на Бајден, објави Белата куќа.

„Јасно му кажав на претседателот. Тој има одговорност за сопствените зборови и дела. Лично денеска го прашав дали на него паѓа одговорноста за она што се случи. Ми кажа дека има одредена одговорност за она што се случуваше“, рекол Меккарти во понеделникот, според едн од изворите на Reuters.

Меккарти додал дека барал од Трамп да му се јави на Бајден. „Лично ве молам, повикајте го Џо Бајден. Поради оваа нација“, рекол републиканецот.

Според интернет страницата Axios, Трамп приватно ги обвинил антифаштистите анархисти и неолибералите за провоцирање на упадот во Конгресот, и покрај тоа што во медиумите се вртат само одредени снимки на лица кои носат обележја кои се карактеристични за неговите приврзаници.

Трамп тоа го кажал во получасовниот разговор со Меккарти, според Axios кој се повикува на неименуван функционер од Белата куќа и уште еден извор запознает со содржината на овој разговор

Меккарти на Трамп во разговорот, кој како што пишува Axios, бил повремено тензичен и агресивен, одговорил „Не е Антифа (крајно левичарската групација – з.р.), туку е МАГА (поддржувачите на Трамп – з.р.- Бев таму“. МAGA е акроним од мотото на кампањата на Трамп „Make America Great Again“ (Да ја направиме Америка повторно голема“, кој го користат неговите приврзаници.

Меккарти, според Axios, го советувал Трамп да се сретен со идниот претседател, и согласно традицијата, да му остави лично писно во Белата куќа.

Белата куќа не сакала да ги коментира овие наводи, а и персоналот на Меккарти не бил достапен за одоговр на овие информации.