Републиканката Пекрес втора во анкетите зад Макрон

Новото истражување на јавното мнение во Франција покажува дека конзервативката Валери Пекрес во моментов е најверојатниот противкандидат на актуелниот претседател Емануел Макрон во вториот круг од изборите кои се закажани за април 2022 година.

Анкетата спроведена од агенциите Ipsosa и Sopra Steriа покажува дека Пекрес, која на почетокот од декември победи на предизборите во партијата Републиканци, би освоила 17 отсто во првиот круг, зад Макрон кој има поддршка од 25,5 отсто. Рејтингот на конзервативната политичкарка во однос на анкетата во октомври се зголемил за 10-процентни поени.

Пекрес е 54-годишна челничка на парискиот регион Ил-де-Франс, поранашна министерка за буџет и за високо образование во владите на поранешниот конзервативен претседател Николас Саркози, Таа е првата жена кандидат во историјата на конзервативците последните години преименувани во партијата Републиканци.

Крајниот десен кандидат, телевизискиот коментатор Ерик Земур кој досега баше зад Макрон, сега падна на поддршка од 14,5 отсто, од 16 проценти колку имаше во октомври. Ист процент поддршка го има уште еден крајно десен кандидат Марин Лепен.

Лидерот на Зелените, Јаник Јадо и крајно левиот кандидат Жан-Лук Меленшон далеко заостануваат зад противкандидатите, и двајцата имаат по 8,5 отсто поддршка.

Анкетата е спроведена во периодот меѓу 7-ми и 13-ти декември преку интернет, на 10.000 испитаници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.