Републиканскиот сенатор Линдзи Греам донира милион долари за сенаторската трка во Џорџија

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој штотуку е избран во државата Јужна Каролина, рече дека донирал еден милион долари од парите од својата кампања за поддршка на двајца републикански сенатори кои се кандидираат за реизбор во Џорџија.

Греам денеска за телевизијата Fox News изјави дека републиканците мора да се спротивстават на „либералното парично цунами“ што „се слеа“ кон Џорџија пред вториот круг од 5-ти јануари. Исходот од овие два гласа ќе утврди дали републиканците или демократите ќе имаат контрола во Сенатот.

Демократите објавија дека веќе имаат мнозинство во Претставничкиот дом, но тоа е помало отколку во претходниот состав.

Во вториот круг во Џорџија, демократот Џон Ософ ќе се бори да го заземе местото на републиканецот Дејвид Пердју, а демократот Рафаел Ворнок ќе се соочи со републиканската сенаторка Кели Лафлер