Ресенчани и тетовци останаа без злато и пари

Златен накит и пари се украдени вчера во две куќи во Тетово и во Ресен, соопшти полицијата.

На тетовецот А.М. крадецот му одзел златен накит во вредност од околу 185.000 денари. Ресенчанецот Е.М.во чија куќа крадците влегле преку покривот, останал без златен накит, две кредитни картички и 1.000 американски долари.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.