Решете ги проблемите на кожата со микродермоабразија во „Скин Солушн“

МИКРОДЕРМОАБРАЗИЈА е техника на контролирано отстранување на задебелениот и мртвиот слој на кожата и го стимулира процесот на подмладување на кожата.

Со микродермоабразијата истовремено се прави и вакуум масажа со сонда која придонесува за подобро чистење на кожата на лицето, но и ја подобрува циркулацијата и лимфната дренажа. Со нежно и контролирано отстранување на површинскиот слој, кожата се стимулира да произведува нов колаген, па како резултат добиваме обновување на тонусот и подобрување на текстурата на кожата.

Овој третман ја стимулира микроциркулацијата, што овозможува подобра клеточна исхрана, побрза и поцелосна апсорпција на активните материи кои треба да стигнат до колаген и еластин и да предизвикаат производство на нови клетки.

За време на третманот, мртвиот слој на кожата се отстранува, додека вакуумот истовремено ги стимулира фибробластите да произведуваат нови колагенски и еластински влакна.

Микродермоабразијата одржува младешки и свеж изглед на кожата, ги намалува брчките, старечките дамки, лузните, пигментацијата предизвикана од сонцето, акните и лузните од нив, ги намалува проширените пори…

Третманот вклучува површна абразија на епидермисот на кожата. Микродермоабразијата може да се комбинира со други третмани за подмладување, што во исто време го подобрува ефектот.

Третманот е безболен поради ефектот на вакуум масажа, која освен што дава пријатно чувство, има и ефикасна улога.

Резултатите се веќе видливи по првиот третман, додека бројот на третмани е индивидуален во зависност од видот и состојбата на кожата.

Микродермоабразијата ги решава следниве проблеми:
– нечиста кожа
– мрсна кожа
– лузни како резултат на акни
– хиперпигментација
– старечки дамки
– зголемени пори
– поплитки брчки

Овој третман,нсша препорака е да го направите во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина, Скин Солушн.

„Изберете ги Вашите третмани, закажете ги Вашите термини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.