Рестриктивни мерки во Австралија уште најмалку четири седмици

Во Австралија, рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот ќе останат во сила уште најмалку четири недели, соопшти премиерот Скот Морисон.

Тој рече дека Австралија ќе го прошири тестирањето во текот на мај, ќе го подобри капацитетот за следење на контактите на заразените лица и ќе планира одговор на секоја понатамошна локална епидемија.

Морисон истакна дека очекува овие три чекори да бидат завршени за четири седмици и дека Австралија потоа ќе размисли за олеснување на ограничувањата што вклучуваат намалување на движењето на граѓаните и затворање на училишта, ресторани и пабови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.