Ретка виолина Страдивари продаденa за речиси рекордните 15,3 милиони долари

Редок примерок на виолина на италијанскиот мајстор Страдивари е продаден на аукција во четвртокот во Њујорк за 15,34 милиони долари, малку под рекордните 15,9 милиони долари постигнат за ваков инструмент, објави во саботата специјализираната компанија „Tarisio“.

Виолината којашто во 1714 година ја изработил мајсторот Антонио Страдивари (1644.-1737.), речиси 40 година му припаѓала на руско-американскиот виртуоз Тоша Зајдел (1899.-1962.), на кој го свирел саундтракот од холивудскиот класик „Волшобникот од Оз“ од 1939 година.

„Зајдел, исто така, бил учител на Алберт Ајнштајн, така што оваа виолина се најде рамо до рамо со големиот научник математичар додека свиреле квартет во куќата на Алберт во Принстон, сојузната држава Њу Џерси“, додал за AFP во петокот, Џејсон Прајс, основач и директор на „Tarisio“.

Аукциската куќа, сепак, не го наведе името на купувачот на скапиот инструмент.

Тоша Зајдел, кој се преселил во САД во 1930-те години, и Албаерт Ајнштајн, кој емигрирал пред настапувачкиот нацистички германски режим, учествувале на концерт во Њујорк во 1933 година во поддршка на германските еврејски научници кои морале да ја напуштат земјата. Ајнштајн, исто така, свирел виолина.

Од илјадниците инструменти кои ги изработил Страдивари од италијанска Кремона, денес на списокот ги има 600.

Рекордот на наддавање за инструмент на Страдивари, и воопшто, датира од 2011 година кога виолината наречена „Лејди Блант“, која ѝ припаѓала на Лејди Ен Блант, внука на англискиот поет Лорд Бајрон, продадена во Лондон за 15,89 милиони долари.

Во 2014 година, уште еден примерок на ваков инструмент, чијашто минимална цена беше одредена на 45 милиони долари, не најде купувач на наддавањето на Sotheby’s.