Револтирани затворениците во Шутка, чиниите ги фрлаат низ прозорците

Револт и паника владее кај затворениците во Истражниот затвор во скопската населба Шуто Оризари поради веројатна појава на коронавирусот во оваа јказнена институција.

Затворениците чиниите со храна ги фрлија низ прозорците, одбиваат храна. Видеото во прилогот, направено од читетел кој барал да остане анонимен, е испратено до редакцијата на порталот ТетоваСот.

Револтот избувнал откако министерот за здравство Венко Филипче официјално потврди дека еден затвореник во Шутка кој починал од срцев удар бил заразен и со вирусот кој ја предизвикува болеста Covid-19 која може да има смртни последици, особено за лицата со хронични заболувања.