Резервен офицер на германскиот Бундесвер обвинет за шпионажа во полза на Русија

Сојузното обвинителство на Германија поднесе во петокот обвинените против германски државјанин, поранешен офицер на германските воени сили во резерва, за шпионирање во полза на Русија, пренесуваат медиуми повикувајќи се на соопштение на обвинителството.

„Федералното обвинителство покрена обвиниение во советот на Вишиот покраински суд во Диселдорф против германскиот државјанин Ралф Г. Има доволно основи за сомневање дека обвинетиот работел за странска разузнавачка служба против интересите на Германија и против земја членка на НАТО“, ја цитираат медиумите објавата на обвинителството.

Според обвинителството, Ралф Г. бил резервен офицер на Бундесверот, раководел со окружен штаб за комуникации, а бил член и на неколку деловни здруженија. Се додава дека тој „не подоцна од 2014 година“ одржувал контакти со руската разузнавачка служба преку различни лица, до март 2020 година и пренесувал информации, и јавно достапни и од затворени извори, коишто ги добивал во согласност со неговата позиција како резервен офицер и членувањето во бизнис-здруженијата.

Обвинетиот, се наведува натаму, ѝ доставил на рускатата разузнавачка служба информации за резервниот состав на Бундесверот, за соработката меѓу воениот и цивилниот сектор, особено за структурата и активноста на службата за цивилна одбрана.

Обвинетиот Ралф Г., исто така, пренесувал и информации за последиците за Германија и за Европската унија воведени против Русија по 2014 година, откако по превратот во Киев, црноморскиот полустров Крим се реши со референдум да се присоедини на Русија што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Пренесувал и лични податоци за високо позиционирани личности на Бундесверот, податоци за контактите на бизнисмени. Покрај тоа, наведува уште обвинителството, преддавал и преглед за одбранбената и безбедносна политика на САД и нивните западни сојузници.

За таквата соработка Ралф Г. добивал покани за присуство на различни настани организирани од руските владини агенции, додава обвинителството без да прецизира за какви настани станува збор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.