Режисерот на филмот за Форест Гамп, ќе го екранизира „Пинокио“

Режисерот Роберт Земекис преговара за филмската адаптација на анимираниот филм „Пинокио“ од 1940 година за студијата „Disney“, пренесува магазинот Variety.

Првично филмот требало да го снима режисерот на „Падингтон“, Пол Кинг, но тој од непознати причини го напуштил проектот.

Преговорите со Земекис започнале во летото годинава, но тој не сакал да започне нова работа сѐ додека не ги заврши „Вештерките“ со Ен Хатавеј, на кој работеше за „Warner Bros.“. Во моментов овој филм е во фаза на монтажа.

Се претпоставува дека самиот режисер ќе го прави изборот на актерите. Претходно се шпекулираше дека улогата на столарот Џепето ќе ја толкува Том Хенкс, но оваа информација не е потврдена.

Екранизациите на анимираните филмови се важна компонента во стратегијата на „Disney“. На кино-благајните „Аладин“ и „Кралот лав“ годинава заработија милијарди долари.

Земекис во последни време посветуваше големо внимание на филмовите за возрасната публика, како „Лет“, „Сојузник“ и „Добредојдевте во Марвен“, а помалку за темите кои го прославија. Но со овој ангажман би се вратил кон филмовите за целото семејство, како што беа „Враќање во иднината“ и „Вештерки“.