Режисерот на холувудскиот блокбастер „Титаник“, кој воедно е и стручњак за подморници, Џејмс Камерон, вели дека бил шокиран од сличноста на трагедиите со англискиот пароброд пред повеќе од еден век и сегашната на батискафот „Titan“ кој требаше авантурсти по цена од 250.000 долари за место да одведе до остатоците на бродот на дното на Атлантикот.
Камерон вели дека двете катастрофи од 1912 и 2023 година имаат заеднички карактеристики, пренесе ABC News. Остатоците од „Титаник“ во 1985 година ги откри американско-француска експедиција, што беше основа и за прославениот истоимен холивудски филм од 1997 година кој, пак, го поттикна лукративниот но ризичен подводен туризам.
„Ме трогна сличноста на катастрофата на ‘Титаник’, кога капетанот бил постојано предупредуван за санта мраз пред бродот, но тој сепак со полна брзина влетал во леденото поле, што резултираше со смрт на многу луѓе, со многу случната трагедија кога не беа послушани предпредувањата на истата локација“, го цитира режисерот магазинот Life.
Според Камерон, безбедносните прашања треба да бидат приоритет во текот на операциите со длабоко нурнување.
Паробродот тежок околу 46 илјади тони, најавуван како најбезбедниот и најдобар брод за пловење преку Атлантикот, со 2.224 патници во април 1912 година удрил во санта мраз на патот од англиски Саутемптон во американски Њујорк. Во потонувањето на „непотопливото чудо на индустриската ера“ загинале повеќе од 1.500 лица, меѓу нив и многу аристократи и индустријалци и едни од најбогати луѓе во тoa време.
Еден од патниците на исчезнатата подморница „Titan“ беше британскиот претприемач и милијардер Хамиш Хардинг. Овој 58-годишен авијатичар и вселенски турист, основач на компанијата „Action Aviation“. Во подморницата биле и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишниот син Сулејман. Давуд е потпретседател на пакистанскиот конгломерат „Engro“, компанија со седиште во Карачи со портфељи во енергетиката, земјоделството, петрохемијата и телекомуникциите. Меѓу патниците биле и францускиот океанограф Пол-Анри Наржеоле, ветеран во истражувањата на големи длабочини и стручњак за „Титаник“, како и Стоктон Раш, основач на компанијата која го организира и спроведува патувањето „OceanGate Expeditions“, сопруг на потомка на една од жртвите на „Титаник“.
Во петокот, пак, за BBC News, режисерот Камерон изјави дека предвидел што се случило со подморницата неколку дена пред таа вест да биде потврдена и да бидат пронајдени нејзините остатоци. Според американската Крајбрежна стража, сите пет патници во мини-подморницата „Titan“ загинале во катастрпфанла имплозија на пловилото.
„Почувствував во коските што се случило. Знаев дека таа подморница е точно под својата последна позната длабочина и позиција. Токму таму ја пронајдоа“, вели Камерон.
Додава дека сѐ оставало впечаток „како продолжена и кошмарна шарада во која луѓето трчаат наоколу и зборуваат за звуци од удирања, кислород и сите други работи“.
„Веднаш повикав некои свои контакти во подморничката заедница. Во рок од околу еден час ги дознав следните факти. Се спуштале, биле близу до 3.500 метри и оделе кон 3.800 мери длабочина“, појаснува Камерон.
„Сега имаме уште една руина којашто, за жал, се заснова на истите принципи на пренебрегнување на предупредувањата“, додава режисерот.
Беспилотниот подводен робот испратен од канадски брод ги откри остатоците од „Titan“ во четвртокот утрото по локално време на околу 488 метри од прамецот на потонатиот пред повеќе од еден век „Титаник“, четири километри под површината. Според контраадмиралот на американската Крајбрежна стража Џон Мауег, „остатоците се во согласност со катастрофалното губење на комората за притисок“.
Претходно британски Mirror пишуваше дека обожавателите на култната анимирана телчевизиска серија Симпсонови“ забележале предвидување на трагедијата со батискафот „Titan“.
Фановите на серијата се присетија на сцените во кои главниот лик Хомер, заедно со својот татко, нурнуваат до потонатиот брод, трагајќи по богатство на дното на океанот.
Наоѓајќи се на голема длабочина Хомер сфаќа дека се случило нешт страшно. Му снемува кислород и почнува да се задушува. На крајот од епизодата тој се буди во болница опкружен со семејството по три дена минати во кома.
Весникот притоа забележува дека еден од сценаристите на серијата, Мајк Реис, всушност пловел со мини-подморницата „Titan“ кон потопениот „Титаник“.