Резил на пратеничка од СДСМ: Се гушка со спикерот на Украинската рада, ама го замислува Зеленски!

Срамна и скандалозна објава на пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ на нејзиниот Фејсбук профил, во која спикерот на Украинската Врховна рада со кој таа се фотографирала, Руслан Стефанчук, го претстави како претседател на Украина. Но, срамот да не застане тука, таа му го згреши и името, пишувајќи дека е Олександар Турчинов.
Турчинов привремено ги комбинираше позициите претседател на Советот и претседател на Украина во пролетта 2014 година, во периодот меѓу бегството на Виктор Јанукович од земјата и изборот на Петро Порошенко за претседател. Од крајот на 2014 до 2019 година ја извршуваше функцијата секретар на Советот за национална безбедност.

По низа коменатри, реакција пристигна и лично од Стефанчук, а во која тој напоменува дека тој не е претседателот на Украина Володимир Зеленски, туку е претседател на Украинската Рада.

Веста за „грешката“ на Калевска Ванчева веќе ја објавија и некои украински медиуми, во кои се посочува дека „пратеничка на Северна Македонија живеела во заблуда девет години и го „заборавила“ Зеленски“.

„Пратеничката од Северна Македонија не го знае името на спикерот на Врховната рада на Украина, со кој се сретнала во Шведска, а верувала дека тој сѐ уште е Олександар Турчинов и дека спикерот сѐ уште привремено ги извршува должностите шеф на државата. Ова го пренесува „Европска вистина“.

Текстот во објавата на пратеничката Калевска Ванчева е веќе коригиран.