Резников повтори: Украина е практично членка на НАТО

Украина практично стана членка на НАТО, изјави во петокот за британскиот радиодифузер BBC, украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, повторувајќи ја неодамнешната своја констатација во разговор со западни новинари.

Резников во споменатиот разговор вели дека верува оти Западот ќе ѝ испрати тенкови и борбени авиони на Украина, и покрај стравот на некои земји од ескалација на судирот.

„Таа загриженост за ново ниво на ескалацијата, според мене, е еден вид протокол“, рече Резников отстранувајќи го стравот дека новите пратки оружје Русија би можела да ги сфати како директна провокација како што впрочем повеќепати предупредија од Москва.

„Украина и украинските вооружени сили станаа член на НАТО. Практично, не формални правно, бидејќи имаме оружје и знаме како да го користиме. Тоа е вистина. Тоа е факт“, додаде Резников велејќи дека „не гледа зошто“ тие изјави би биле спорни.

„Сигурен сум дека наскоро и формални ќе бидеме член на НАТО“, рече украинскиот министер за одбрана.

Евентуалното членство на Украина во НАТО беше едно од оправдувањето на Русија за својата воена интервенција во соседната земја. Киев се надеваше на брз прием по почетокот на војната, што би повлекло задолжително помагање и другите земји на Алијанската да мора воено да интервенираат во војната против Русија, но колективниот Запад досега избегнуваше директен судир со руската армија.

Европската унија и НАТО ветија во вторникот дека на Украина ќе ѝ ја испратат сета неопходна помош, а следните денови на разговори ќе се утврди кој вид оружје ќе биде испратено.

Киев, меѓу другото, бара речиси илјада тенкови и стотици борбени авиони, европските сојузници ветуваат испраќање тенкови и оклопни борбени возила, но бројките коишто се во оптек се далеку од оние кои ги побарува украинската војска.

Така во четвртокот поранешниот началник на британскиот Генералштаб, генералот Ричард Данат за Sky News ги критикуваше објавите од Лондон за испраќање на мал број тенкови „Challenger“, посочувајќи дека тоа нема да овозможи „вистински“ промени на ситуацијата на бојното поле.

„Како што се чини, испраќањето на 12 тенкови, ќе има само симболично значење и би предложил да бидат испратени 25,30 па дури и 50, тоа може да придонесе за реална придобивка“, рече Данат.

Претходно британските медиуми објавија дека владата на премиерот Риши Сунак размислува на Украина да ѝ испорача тенкови во моделот „Challenger 2“, но оти сѐ уште не е донесена конкретна одлука.

Претходно во петокот францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну, објави дека Франција се обидува да испорача борбени тенкови „AMX 10-RC“ на Украина во рок од два месецa, откако на таа тема во четвртокот разговарал со украинскиот колега Олексиј Резников.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски изјави дека Франција ќе испорача или оклопни возила или тенкови „AMX 10-RC“. Франција неодамна рече дека ќе ѝ испорача на Украина извидувачки оклопни возила, опишувајќи ги како „лесни тенкови“.

Во неделата еден од двајцата челници на владејачките германски социјалдемократи, Ларс Клингбејл, порача во неделата дека и натаму е скептичен кон барањето за снабдување на Украина со германските тенкови „Leopard“ без координација меѓу сојузниците во рамките на НАТО.

Социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ќе му даде на Киев 40 борбени возила „Marder“ и батерија на ракетниот систем „Patroit“, по повеќемесечното противење на украинските барања и покрај жестоката дискусија по таа тема во Германија. Меѓутоа, Шолц никогаш не ѝ вети на Украина тенкови „Leopard“, иако во неговата трипартиска владина коалиција Зелените притискаат во таа насока.