Резников: Украина ја чекаат нови искушенија и загуби

Украина ќе доживее нови искушенија и загуби, предупреди во вторникот украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников во обраќањето до војската, обвинувајќи ја Москва дека наводно сака да го обнови некогашниот СССР.

„Пред нас се тешки искушенија. Ќе има загуби. Ќе мора да минеме низ болка, да го надвладееме стравот и очајот. Ќе победиме, нема сомнение. На нашата земја сме“, рекол Резников соопшти украинското министерство за одбрана.

Резников ја даде изјавата откако во понеделникот вечерта рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука за прогласување на независноста на проруските региони на истокот на Украина и реши да испрати војски за спречување можен напад врз Донецк и Луганск од украинските сили.

„Непријателот вчера го покажа својот вистински лик, лице на криминалец кој сака како заложник слободниот свет. Кремљ направи нов чекор кон обновување на СССР и единственото што нѐ дел од тоа е Украина и украинската војска“, оцени Резников.

Ноќта кон вторникот Путин нареди испраќање руски војници во самопрогласените републики во Донецк и Луганск, неколку часа откако го потпиша барањето на рускиот парламент за новно признавање. Москва како изговор рече дека наводно се очекува офанзива од силите под контрола на Киев и разгорување на конфликтот во кој настапи прекин на огнот со Минскиот договор од 2015 година.

Временската рамка за распоредување на руските војници и нивната бројност во Донбас, но според западни извори Русија претходно распоредила меѓу 150.000 и 190.000 војници во близина на украинската граница.