Ријана ја повлече тужбата против татко ѝ

Американската пејачка ѕвезда Ријана ја повлекла тужбата против својот татко, неколку седмици пред да треба да се сретнат на судот, пренесуваат медиумите.

Поп-ѕвездата го обвини својот татко Роналд Фенти дека го злоупотребил нејзиното име во полза на неговата компанија и во 2019 година подигна тужба за лажно рекламирање и нарушување на приватноста.

Ријана, исто така, наведе дека без нејзино знаење договарл турнеа по Јужна Америка, како и настапи во Лос Анџелес и Лас Вегас.

Судењето требаше да започне на 22-ри септември, но Ријана во вторникот ја повлекла тужбата. Причината за потегот не е наведена, но американските пренесуваат дека пејачката постигнала вонсудски договор со татко ѝ и со неговиот деловен партнер.

Славната пејачка и најбогата музичарка во светот веќе подолго време е во лоши односи со таткото, за кој медиумите пренсуваа дека имал проблеми со алкохолизмот и зависноста од дрогите.