Ријана пред породување го облекла најкусиот розов фустан (ФОТО)

Мега ѕвездата Ријана чека бебе, а нејзината трудничка мода предизвикува лавина коментари, секогаш кога пејачката ќе се појави во јавност! Ријана овој пат ги изненади сите со розов фустан со необични детали.

Станува збор за розов плетен фустан обрабен со светли пердуви, кој навистина изгледа „чудно“, но Ријана „пукала“ од самодоверба за време на одењето во еден познат ресторан.

Фустанот го потпишува куќата „Сен Лорен“ и неговата цена е околу 1.500 евра, а пејачката го надополни со „бушава“ чанта и тиркизни чевли со високи потпетици.

Погледнете ги нејзините претходни изданија за кои зборуваше цел свет – провокативна долна облека…