ФОТО: Една од најотровните риби уловена во близина на Будва

ФОТО: Една од најотровните риби уловена во близина на Будва

Возрасен примерок на една од најотровните риби во светот е уловен вчера во близина на Будва.

Од Институтот за биологија во морето потврдиле дека се работи за една од најопасните риби која е позната по присуството на отров во црниот дроб, а нејзината консумација може да има тешки последици за човекот.

Надлежните апелираат туристите кои рекреативно си ловат риби на брегот, да внимаваат и да се консултираат по секој улов. Поради глобалното затоплување и високите температури создадени се услови за живеење на овој вид риба во Јадранското Море. Дополнително утврдено е дека дел од овие риби имале репродуктивна активност, па во иднина се очекува нов улов на овој вид.