Рибари пронашле вреќи со дрога вредна 18 милиони евра

Вреќите со дрога пловеле во Андаманското Море, долж брегот на Мјанмар. Во секоја од 23-те вреќи се наоѓале пластични кесички со ознака „Кинески зелен чај“.

Не знаејќи какви кристали се наоѓаат во кесичките, рибарите мислеле дека тоа е еден вид дезодоранс кој обично се користи во Бурма, се намачкале со него и добиле изгореници на кожата, а свеста им се поматила, наведуваат локални претставници. Веднаш потоа била информирана полицијата, која се уште одбива да издаде соопштение.

Мјанмар, кој по големина е втор производител на опиум во светот, зад Авганистан, според податоците на Службата на ОН за дрога и криминал, е еден од најголемите производители на метамфетамин во светот.