Рибери ќе игра на Блискиот исток

30

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, 36-годишниот Франк Рибери, според сѐ судејќи, играчката кариера ќе ја продолжи во првенството на некоја од арапските блискоисточни монархии, во некој клуб во Саудиска Арабија или во Катар.

Рибери на крајот од минатата сезона по 12 години го напушти минхенски Баерн, и од тогаш не престануваат шпекулациите за продолжувањето на неговата кариера.

Најголем интерес за неговите услуги покажаа франкфуртски Ајнтрахт и анлгискиот Шефилд Јунајтед, а медиумите објавуваат и дека може да се пресели и во редовите на европскиот шампион Ливерпул.

Меѓутоа, како што во саботата објави германскиот таблоид Bild, Французинот кариерата ќе ја продолжи во некој саудиски или катарски клуб.

Рибери во текот на кариерата настапуваше и за Марсеј, Галатасарај, Мец, Брест и Булоњ. Во дресот на франциската репрезентација впиша 81 меч на кој постигна 16 голови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.