Лерендарниот француски фудбалер, Франк Рибери попладнево пристигна во Фиренца и имаше грандиозен пречек од фановите на Фиорентина.
Рибери на крајот на сезоната го напушти Баерн Минхен и како слободен агент пристигна во Фиорентина каде ќе стави потпис на двегодишен договор.
36-годишниот Французин денес треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да биде промовиран во нов играч на Фиорентина.
„Среќен сум. Лука Тони ме убеди да дојдам тука. Ми кажа дека Фиорентина е голем клуб, а Фиренца е многу убав град. Ми се допаѓа се, ми се допаѓа и италијанскиот јазик“, изјави Рибери по пристигнувањето во Италија.
Рибери ќе потпише двегодишен договор и во Фиорентина ќе заработува 4 милиони евра по сезона.