Рибери сака да се испроба и во САД

Најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), францускиот интернационалец Франк Рибери го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека не може да се замисли како игра за некој друг клуб кој се натпреварува во Европа, но може да се замисли како игра во САД или за некој клуб кој се натпреварува на Блискиот Исток.

“Во Европа за мене постои само Баерн (М), не можам да се замислам како носам дрес на некој друг клуб. За мене би било како голем бонус шансата да играм за некој клуб кој се натпреварува во САД или на Блискиот Исток. Ми се допаЃа идеата да играм во САД, но тоа би го направил кога ќе бидам во залезот од мојата вистинска кариера. Се надевам дека ќе играм во вакво темпо уште многу години, но јас уживам во секој момент, уживам во сегашноста. Сепак, не смеам да заборавам дека имам 30 години и дека стареам. За неколку години нема да бидам во топ форма, но ќе се обидам да го дадам максимумот на секој следен натпревар”, изјави Рибери.