Риека го претстави Ристовски

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски бурно беше дочекан во Риека како ново засилување, откако хрватскиот клуб денеска и официјално го промовираше за свое ново засилување.

Ристовски во Риека доаѓа на заем од Специја, како “дриблинг”, кој го договориле Риека и италијанскиот клуб поради статусот на “домашен играч”.

“Стефан пет години играше во Италија и ако го напуштеше фудбалскиот пазар, пак ќе беше странец, па технички ја искористивме можноста да дојде преку Специја на заем во Риека и да не го загуби статусот на ‘комунитарец’ (домашен играч во ЕУ – н.з.)”, посочил Иван Манце, помошникот спортски директор на клубот.

Ристовски изјави дека многу му се допаѓа проектот на Риека и дека посакува даво новата сезона со клубот да направат нов исчекор и да ја минат групата во Лига Европа.

“Се радувам што постигнавме договор и што дојдов на нашите простори. Се радувам на оваа шанса, затоа што ми се допаѓа проектот, вложувањата во фудбалот. Тие работи ме натераа да дојдам без премногу да размислувам. Ќе дадам се за да ги повториме успесите и да освоиме трофеи. Јас го гледам фудбалот на целиот Балкан, така и ја следев Риека. Се работи за квалитетна екипа, имаа прекрасна година во Лига Европа и се надевам дека истото ќе го повоториме, а зошто да не ја минеме и групата”, изјави Ристовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.