Ријад демантира дека имал намера да го убие исчезнатиот новинар Кашоги

250

Саудиска Арабија негираше во саботата, првпат откако аферата околу иснезнувањто на саудискиот новинар Џамал Кашоги се појави во јавноста пред десетина дена, дека имала намера да го убие критички настроениот кон тамошните власти новинар, кому му се загуби трагаа откако влегол во саудускиот конзулат во Истанбул.

Саудискиот министер за внатрешни работи, принцот Абдулазиз Сауд бин Наиф Абдулазиз ги отфрли „неоснованите лаги… кои циркулираат за убиството на дисидентскиот новинар“ Џамал Кашоги. Министерот во официјална изјава вели дека Ријад е „доследен и приврзан на традицијата на почитување на правилата и меѓународните конвенции“.

Кашоги влегол во саудискиот конзулат во Истанбул на 2-ри октомври за да ја собере потребната документација за претстојната венчавка. Неговата партнерка го чекала десетина часови пред дипломатската мисија, а откако тој не се појавил, го пријавила случајот во турската полиција.

Саудиските власти тврадат дека заминал од конзулатот набргу потоа, но турските власти и вереницата тврдат дека никогаш не излегол. Турски извори за агенцијата Reuters рекле дека првилната процена на полицијата била дека Кашоги, кој е отворен критичар на саудиската влада, бил убиен во конзулатот. Ријад ги отфрли ваквите обвинувња како неосновани.

Саудискиот министер за внатрешни работи, исто така, се заложи за соработка со Турција на заедничка истрага. Монархијата сака да го разјасни случајот на исчезнување на својот државјанин, додал.

Делегација од Саудиска Арабија пристигна во петокот во Турција, пренесе турската новинска агенција Anadolu, и во текот на викендодт треба да се сретне со турските власти. Турција се согласи да се формира заеничко работно тело со саудиската страна за да се утврдат околностите на исчезнувањето на Кашоги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.