Ријад и сојузниците го добија одговорот од Доха, не е познато каков

Саудиска Арабија и нејзините сојузници во Персискиот залив во катарската криза, го примиле одговорот од Катар на нивните барања, потврдено е во средата, но не се прецизира неговата содржина.

„Министерот Адел ал-Џубеир прими од кувајтскиот државен министер шеикот Мохамад ал-Абдула ал-Саба официјален одговор од Катар на барањето од земјите коишто го блокираа“, потврди саудискиот министер за надворешни работи на Twitter.

Сунитските арапски земји Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го меѓу другото дека ги поддржува исламистичките терористички групации во регионот и оти одржува преблиски односи со шиитски Иран.

Подоцна беше испратен и официјален допис со 13 барања, барајќи меѓу другото да престане да го поддржува панарапското исламистичко движење Муслиманско братство, да ја затвори телевизијата Al Jazeera и да ја намали соработката со Техеран.

Во неделата вечерта овие замји за 48 часа го продолжија првиот рок од десет дена поставен на Катар за доставување на одговорот, на барање на Кувајт кој посредува во оваа криза.

Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абделрахман ал-Тани, изјави во вторникот во Доха дека барањата на арапските соседи се „нереални“ и дека „не се однесуваат на тероризмот туку сакаат да ја укинат слободата на изразувањето“.

„Четирите земји го примија одговорот од Катар, преку Кувајт, и тоа пред истокот на рокот. На него ќе биде правовремено одговорено“, објави во средата утрото на Twitter саудискиот министер за надворешни работи.

Шефовоте на дипломатиите на четирите земји ќе се сретнат подоцна во средата во египетската претолнина Каиро за да разговараат за следните чекори зо оваа најнова криз аво Перискиот залив која може да предизвика престројување на позициите во арапскиот свет.