Рикер порача: Не е време за политички игри со иднината на граѓаните

Помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, со јасна порака од Скопје дека „не е време за политички игри со иднината на граѓаните“, истакнувајќи дека Предлог-законот за јавното обвинителство кој го состави Владата е добра основа – опозицијата да покаже конструктивност и да се качи на бродот кон ЕУ и НАТО.

Рикер го истакна Договорот од Преспа како добар модел за надминување на спорови, при што ја пофали владата за спроведените реформи и резултатите во економијата. Побара транспаренти истраги и демонстрација на владеењето на правото.

„Во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, но опозицијата мора да биде конструктивна. Времето за политички игри, истакнување и играње со перспективите и идеите на граѓаните е поминато. Мојата порака ќе биде едноставна: Време е да се приклучи за да е привижат работите за земјата“, рече Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД.

Рикер рече дека САД сака да може да работи со сите политички партии во Северна Македонија, но за да го направ тоа, мора да видиме и серизоно конструктивни напори од партиите.

„Времето на задржување од страна на опозицијата навистина треба да заврши и се надевам дека ќе има конструктивен пристап од опозицијата. Законот за СЈО мора да се придвижи, а неговото усвојување сега ќе обезбеди дека тоа нема да биде прашање кога ЕУ ќе реши да ги отвори пристапните преговори оваа есен“, изјави Рикер.

Премиерот Заев изрази надеж дека земјава оваа есен ќе ги реализира своите стратешки цели. Според него, заедно со опозицијата работеле на реформите, но заглавиле на Законот за јавното обвинителство. По вчерашната порака дека законот може да се донесе на посакуван и непосакуван начин, Заев денеска дообјасни. Консензус, според него, е посакуваната варијанта. Што е непосакувано, премиерот вели дека не знае.

Власта и опозицијата се уште се далеку од договор за новото законско решение за обвинителството. Според него, СЈО заминува во историјата и се претопува во новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција кое дополнително ќе добие и финансиска независност.

Предлогот Законот за јавното обвинителство веќе е во Собранието. За да биде изгласан ќе биде потребно двотретинско мнозинство од 80 пратеници.