Рилковски: Паралелни избори би биле проблем за ДИК

Одржување на претседателски и парламентарни избори истовремено би биле проблем за Државната изборна комисија, вели нејзиниот претседател, Никола Рилковски.

„Проблем кој ни се натура, или ајде да го наречеме предизвик, како што и вие рековте, е евентуално распишување и на предвремени парламентарни избори, за кој што се заговара. Јас сега ги земам за шпекулации, значи ништо не е јавно, меѓутоа доколку се случи предвремени парламентарни избори да отпочнат во вториот круг на претседателските избори, тогаш пред нас се јавува еден сериозен проблем, во делот кадешто ќе се испомешаат датумите на едната кампања, на другата кампања, молкот. Тука ние се трудиме секојдневно да се подготвиме ако евентуално имаме предвремени парламентарни избори, да бараме решение, во секој случај ако биде така ние пред нас имаме голем предизвик и сега засега проблем“, вели Рилковски во интервју за Радио Слободна Европа.

Рилковски вели дека Комисијата во моментов не е подготвена за паралелно одржување на изборите, но дека се подготвуваат, но сепак имаат некои непознаници.