Рим без смртни случаи од Ковид-19 во последните 48 часа

Во Рим во последните 48 часа не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, соопштено е денеска во главниот град на Италија, земјата со најголем број на починати од коронавирусот во Европа.

Регионалните здравствени власти на прес конференција соопштија дека во Рим е „стабилен трендот“ со бројот на новозаразени на дневно ниво и оти е под 100.

Во Италија од Ковид-19 досега починале повеќе од 26.000 луѓе.