Рим: Експлозија пред доаѓањето на Оланд

Мала експлозивна направа била активирана пред француска црква во центарот на Рим, со што е предизвикана само материјална штета.

Француската амбасада во Ватикан соопшти дека тој инцидент би можел да биде поврзан со денешната посета на францускиот претседател, Франсоа Оланд.

„Рачно изработената бомба експлодирала околу два часот по полноќ и притоа се оштетени три паркирани автомобили и прозорци од најблиската зграда. Засега никој не ја презел одговорноста“, изјавил полициски претставник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.