Рим го игнорира Брисел и не се откажува од својот план за буџетот

Владејачката коалиција во Италија порача во средата дека нема да се откаже од својот план за зголемување на буџетскиот дефицит, со што ги ингорира и критиките од Европската унија, како и сигналите од парламентарната комисија за буџет и од финансиските пазари.

Споменатата парламентарна комисија е непартиско тело чијашто задача е да го верификува буџетот, а во вторникот одби да го потврди повеќегодишниот владин план, тврдејќи дека со него се предвидува економски раст кој е премногу оптимистичен.

Мислењето на оваа комисија не е обврзувачко, но неговото отфрлање на прогнозите за растот го натера министеррот за економија, Џовани Трија, втор ден едно подруго да се врати во парламентот за да го појасни планот. Трија, кој не е член на ниедна политичка групација и се смета за поборник на фискалната дисциплина, рече во парламентот дека владата стои зад своите предвидувања.

Инвеститорите на планот на владата и следствено критиките од Брисел, одговорија со продажба на италијанските обврзници, зголемување на трошоците на задолжувањето на Италија, од што штета имаат банките кои имаат големи удели во државните хартии од вредност.

„Зголемувањето на приносите на државните обврзници забележано последните неколку дена секако е загижувачко, но повторувам дека тоа е претерана реакција којашто не е оправдана во италијанските економски темели… Овој буџет не го доведува во прашање одржливоста на долгот. Јасно е дека владата мора да се обиде да ја врати довербата и ќе стори сé што е можно тоа и да биде постигнато“, порача Трија.

Челниците на двете коалициски партии повторија дена нема да попуштат пред притисоците. Лидерот на евроскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди, Луиџи Ди Мајо, за јавното радиот RAI рече дека нема да ги „предаде Италијанците“ со промената на планот за буџетот. Претседателот на партијата од крајната десница Лига, Матео Салвини, пак, за телевизијата RAI ги предупреди „шпекулантите“ дека владата нема да потклекне. Истакна дека „неколку големи финаниски институции… се обложуваат дека Италија ќе се откаже“ од својот план. „Грешат“, порача Салвини.