ВИДЕО: Таткото за казна го стави синот во ринг со професионалци

ВИДЕО: Таткото за казна го стави синот во ринг со професионалци

Разочаран од насилното однесување на својот син кон врсниците, еден татко од САД се одлучил за радикален воспитен метод па го пуштил синот во боксерски ринг со професионалец.

Момчето го напуштило борилиштето со крвава глава и покрај тоа што неговите противници биле резервирани.

– Ајде, возврати го ударот, фраеру, викал таткото додека покрај рингот го гледал неговиот син. Тој дури и го снимал мечот за дополнително да го посрамоти на друштвените мрежи.