Риши Сyнак ќе се кандидира за наследник на Борис Џонсон

Поранешниот министер за финансии Риши Сунак ја објави во петокот кандидатурата за челник на владејачката Конзервативна партија со што би го наследил сегашниот лидер Борис Џонсон, а со тоа би ја преземал премиерската функција.

„Ја објавувам кандидатурата за претседател на Конзервативната партија и премиер. Да ја вратиме довербата, да го изградиме стопанството и повторно да ја обединиме земјата“, напиша Сунак на Twitter.

Четириесет идвегодишниот Риши Сунак, кој во вторникот ја објави својата оставка од министерската позиција заедно со колегата министер за здравство Саџид Џавид, а потоа тоа го сторија и десетина министри и државни секретари во британската влада и така го притиснаа премиерот Борис Џонсон да се повлече по низата скандали, е сметан за фаворит за лидер на ториевците, односно за иден премиер.

„Некој мора да го прифати предизвикот во овој момент и да донесе исправни одлуки. Поради тоа се претставувам за иден лидер на Конзервативната партија и премиер“, вели Сунак.

Прописите и распоредот за изборот на новиот претседател на партијата кој ќе го наследи Џонсон би требало да бидат познати следната седмица.

Сунак во своите писмо со оставка појасни дека неговиот пристап во економијата силно се разликува од методите на Џонсон, како и дека двајцата се труделе да се договорат за следните договори за Велика Британија. Во тој тон Сунак и ја објави својата кандидатура.

„Одлуките коишто ги носиме денеска ќе одредат дали следната генерација Британци ќе има шанси за подобра иднина. Се соочуваме ли со предизвиците на сегашниот момент чесно, сериозно и решително? Или си кажуваме утешителни бајки кои во овој момент би можеле да нѐ примират, но на нашите деца ќе им остават полошо утре?“, додава Сунак во својата објава.