Рисотвски: Објавен е тендерот за нов мебел за 10 студентски домови

ристовски

„Во рамки на стратешкиот план за унапредување на студентскиот стандард, во делот на подобрувањето на условите за сместување и домување во државните студентски домови, покрај неколкуте капитални инвестиции кои се веќе реализирани, дел се во тек, а дел наскоро ќе започнат, ветивме и набавка на нов мебел за сите студентски домови, со цел да се замени постојниот, што веќе е прилично дотраен, затоа што го користеле многу генерации студенти.

Сакам да информирам дека преку Бирото за јавни набавки веќе е започната повеќегодишната набавка, односно постапката за избор на фирма која ќе треба целосно да ги опреми сите 10 државни студентски домови со нови кревети и душеци, маси, столици, бироа, полици и плакари. За оваа намена е предвиден буџет од 100 милиони денари.

Јавното отворање на понудите е на 14 ноември, така што веднаш по изборот на најповолната понуда и склучувањето на договорот ќе започне и дистрибуцијата на новиот мебел, а тоа се очекува на почетокот на следната 2017 година, со што ќе оствариме уште едно наше крупно ветување кон сегашните и идни студенти“-напиша Ристовски.

Превземено од: Курир