Ристески: Бараме да има работници во управните одбори на јавните претпријатија

Марјан Ристески од Конфедерација на синдикални организации на Македонија во емисијата 24 Отворено истакна дека Конфедерацијата има одредени барања во делот на сет мерки и добро е што се даваат бескаматни кредити на работодавачите и вели дека треба да се даваат строго наменски кредити на одредени граѓани кои се во тешка финансиска ситуација.

-Ако граѓанинот е заглавен финансиски со лекување, со извршители, мислам да се даде еден бескаматен кредит и тоа ќе биде од голема добивка. Ние како независни синдикати имавме состанок и ќе протестираме сега во сабота каде децидно ќе ги доставиме нашите барања. Бараме да има работници во управните одбори на јавните претпријатија, рече Ристески.

Вели дека има големи притисоци врз независните синдикати, од синдикатите и од директори од одредени претпријатија и министерства. Истакна дека имало и недоразбирање со одредени министри, особено од министрите Царовска и Спасовски.