Ристески: Бараме независна и неполитичка Комисија за заразни болести

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собранието на Македонија побара од власта да се формира независна и неполитичка комисија за здравство.

-Бараме неполитичка комисија која нема да дозволи прослава во Штип во пресрет на локалните избори, вели Ристески.

Тој додава дека ниту МВР, ниту комисијата за заразни болести, ниту пак некој од СДСМ реагирал на ова.

-Ќе го видиме кластерот после 7 или 10 дена по криминалните избори во Штип, рече тој.