Ристески: „Фени” е во заложништво

„Фени” е во заложништво меѓу поранешното и сегашното раководство, доверителите и новите потенцијални купувачи и затоа е во состојба која е апсолутно неприфатлива и до која не смееше да дојде, затшто решение може да се најде во чекори, изјави во средата во Кавадарци го порача Пеце Ристески, претседател на Синдикатот на индустрија, рударство и енергетика

Ристески изјавата за новинарите ја даде во текот на протестот што го организираа работниците пред филијалите на трите банки кои поднеле барање за покренување стечајна постапка.

„Цената е сега таква што ‘Фени’ сигурно месечно би остварувал профит меѓу 5-7 милиони долари ако работи. Ние не можеме да ја одгатниме ситуацијата зошто е потребен стечај. Тоа е неприфатливо и за работниците зашто знаеме што значи отворање на стечајна постапка, како завршуваат ваквите постапки и колку траат, нагласи Ристески.

Го повтори барањето ‘Фени’ да се решава без стечај, а потенцијалните купувачи да понудат што имаат и да се договорат со доверителите. Побара работниците да останат на работа, да имаат статус на вработени и да примаат редовно плата. Тоа, според него, не се големи пари во споредба со она што во моментов може „Фени” да го оствари како приход.

„Сигурно интереси се и на доверители, а и на поранешното раководство кој ќе го грабне „Фени”, бидејќи има иднина, а цените како што тргнаа сега ќе одат и понатаму по нагорна линија. Сето тоа надмудрување меѓу себе доведе вработените во ‘Фени’ да бидат жртва во овој момент. Не може да се оттргне впечатокот дека е заложништво, дека има игри затоа што ќе се решеше досега ако се сакаше и ако се имаше правилен пристап да не бидат работниците колатерална штета“, потенцира Ристески.