Ристески на средба со вработени од Еурокомпозит Прилеп: Овие луѓе четири години се лажени од актуелната власт

62

Денеска заедно со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Борче Јовчевски и носителот на листата за советници Дејан Проданоски и колешката Ане Лашкоска, бевме на средба со вработените од Еурокомпозит Прилеп. Овие луѓе четири години се лажени и оваа фабрика е раскрадена и украдена и испуштена од ликови кои им ветувале препород, ликови кои ветувале мирна работа до пензија, нови инвеститори, нови инвестиции а тоа се Горан Сугаревски, Илија Јовановски, Зоран Заев, Кочо Анѓушев и сите од раководството на Социјалдемократскиот сојуз се со ред во моментите кога им требало гласовите на овие напатени, измачени и излажани луѓе, изјави денеска за медиумите, Петар Ристески пратеник во Собранието, по неговата денешна средба со вработените од Еурокомпозит.

Посочи дека кога се работи за Еурокомпозит, Сугаревски, Јовановски, Анѓушев и Заев се истите тие ликови кои во очи ги гледале и ги лажеле овие луѓе.

„Сведоци сте и вие, не знам колкупати е ветувано од устата на премиерот дека само што не е обезбеден нов инвеститор, само што не е обезбеден стратешки партнер кој што ќе ја рестартира оваа фирма, кој што ќе го отпочне производството, но не само што тоа не се случило, фирмата не работи од 2017 година од доаѓањето на Социјалдемократскиот сојуз на власт. Луѓето немаат добиено ниту денар како плати а работата да е покатастрофална и потрагична во 2019 година во Собранието на Република Македонија се донесе и закон за исплата на заостанатите придонеси, и до ден денеска еве 2 години, Владата не го почитува законот кој сама го донесе и тие пари 2,8 милиони евра не се исплатени и покрај тоа што јас и Ане Лашкоска во многу наврати предлагавме во буџетот и ребалансот и амандмани да се обезбедат средства од 2,8 милиони евра за исплаќање на заостанатите долгови“, објасни Ристески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.