Ристевска Јорданова: Агендата, пропагандата и машинеријата која ја диктира Владата за Уставните измени е чисто политичка и ја злоупотребува стратешката цел за членство во ЕУ

„Мислам дека денес сме многу по поделени од колку што бевме тогаш и поларизацијата во општеството е на многу по повисоко ниво и таа тлее и тлее и понатаму и поделбите само се зголемуваат и од таа причина не мислам дека денес сме поблиску до ЕУ од кога што бевме порано а тоа можеби беше најниската точна кон нашиот пат кон ЕУ“ изјави Малинка Ристевска Јорданова од Iнститутот за европска политика во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма.

Ристевска Јорданова посочи дека се киднапира процесот со Уставните измени.

„Не беше проблемот само во делот на Уставните измени туку во целиот Француски предлог односно сите отстапки што мораше да се направат. Пропагандата и машинеријата на Владата чисто политички ја злоупотребува стратешката цел членство во ЕУ. Во овој момент принципот на свршени чинови така делува. Свршен чин прифативме преговарачка рамка и сега свршен чин Уставни Измени“, децидна е Ристевска Јорданова.

Истакна дека ова е агенда која ја диктира Владата во која Уставните измени се преставуваат како последната пречка во процесот, и притоа сите оние кои не се согласуваат со владината пропаганда ги прогласува за државни непријатели и антиеу структури.

Рече дека кога се споменува борбата на корупција таа се сеќава на изјавите кога претставници од власта велеа прво да се затворат големите прашања и после да се бориме против корупција.

„Ова е една безмислена теза која ни се пласира, која не знам како мислат да се оправдаат за лошите резултати воопшто во реформите особено во делот темели. Ние можеме да зборуваме таму за одреден напредок итн. Но во период кога најмногу се фалеа со некаков почеток практично тогаш ние доживеавме во борбата со корупцијата и правосудството најголеми регреси и најголеми враќања назад со именувањата и со новите скандали“, посочи Ристевска Јорданова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.