Ристиќ: Да почнеме акција за собирање кеш за откуп, а?!

Премиерот Зоран Заев, во обид да даде свој придонес за енигмата како како поранешниот премиер Никола Груевски пребегал во Унагрија, денеска, со голема сериозност, ја истакна дилемата дека можеби Груевски е киднапиран?!

„Дали добрвоволно или можеби бил киднапиран очекувам Груевски и Унгарија да дадат оидоговор“, рече Заев.

По оваа негова изјава, социјалните мрежи вријат од комични и саркастични коментари.

Актерката Ирена Ристиќ предложи акција за собирање пари за откуп.

Да почнам со акцијата за собирање кеш за откуп, а?! Другари, ова е Никола, од мајка Нада и татко Тало. Своеволно е киднапиран, откако профи не’ сјеба сите и не’ остави вечно да жалиме! Најголемата кутија за донации е веќе поставена у СЈО!, напиша актерката Ирена Ристиќ.

Активистот и поранешен функционер на СДСМ, Ивор Мицковски, пак, побара парите од прогресивниот данок да се употребат за плаќање на откупот за киднапираниот Груевски.

Хахаха најак коментар: Да побараме да платиме откуп за киднапираниов.

Дај Зоки тоа парите за општините, од Фондот и од прогресивниот данок, ќе стаиме на купче, напиша Мицковски на Фејсбук.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.