Ацо Ристов, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Радовиш денеска изјави дека општината со оваа власт со години назадува и потребно е нејзино градење од почеток, да се изградат капитални објекти кои ќе ја подобрат функционалноста и кои ќе помогнат за создавање нова иднина за сите граѓани.
„Од оваа локација каде што сега се наоѓаме ќе изградиме капитални проекти кои ќе го променат и лицето, изгледот и функционалноста на Радовиш. Станува збор за Културно-деловен центар каде што сите луѓе ќе си најдат дел за своите потреби Радовиш со години назадува и време е да почнеме да го градиме отпочеток“, рече Ристов.
Додаде дека покрај ова ќе следува градба на парк со рекреативен центар, изградба на индустриски објекти со нови капацитети.
„Ова ќе биде реализирано, бидејќи граѓаните на Радовиш ќе препознаат нова сила и нова надеж. Време е сите заедно да се обединиме, сите добронамерни слободоумни граѓани на Радовиш да тргнеме заедно и да ја изградиме општината онаква каква што сакаме да живееме и да создадеме нова иднина“, истакна Ристов