21.8 C
Skopje
сабота, ноември 2, 2024

Ристов: За 100 дена во Радовиш се изгради мини брана и акумулирање на вода за наводнување

Во овие 100 дена период на прилагодување, најпрво започнав со студиозен пристап на капацитетите на општинската администрација но и на сите поголеми и помали проекти од различни области, а кои се со подеднакво значење за развојот на општина Радовиш. Но, за жал, уште на почетокот наидов на многубројни и сериозни проблеми и предизвици од неодговорното и несовесно работење на претходната локална власт, истакна градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Ристов додаде при своето стапување на функцијата градоначалник затекнал сериозни проблеми во несовесното работење на образовните установи во делот на неискористување на одобрените финансии согласно потребите на учениците и образовниот кадар. Благодарение на сериозниот и практичен пристап, се успеа да се набави потребна количина на наставни помагала и опрема од средства кои доколку не реагирал ќе беа повлечени како неискористени.

„Веднаш започнавме со нова иницијатива за нова законска концесиска надомест од преработка на минерални суровини – односно одлагање на флотациска јаловина, која во иднина ќе претставува сериозна можност за нов прилив во општинскиот буџет, а која итекако ја заслужуваат граѓаните на општина Радовиш. Побарав целосна ревизија на договорот за уличното осветлување и покренав сериозна иницијатива преку сите можни институции за решавање на проблемот со превисоките цени на електричната енергија и очекувам овој сериозен проблем наскоро да добие позитивна завршница“, рече Ристов.

Ристов посочи дека покренал иницијатива преку Министерството за труд и социјална политика за трајно решевање на статутот на вработените во детските градинки согласно закон, а со цел намалување на обврските на општинскиот буџет и превземање на истите од страна на централната власт.

Додаде дека, веднаш по преземањето на одговорноста прв човек на општина Радовиш, започна со изградивме новиот паркинг простор во урбаната заедница Комуна, како и изградба на нов градски пазар со што ќе го решат проблемот на граѓаните, особено на земјоделците.

„Ќе потенцирам некои од проектите кои се завршени или започнати во првите 100 дена од мојот мандат:

-Асфалтирана е дел од улицата „Бел Камен“;

-Асфалтиран пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата;

-Асфалтиран пристапен пат од населеното место Штурово до новото планирано излетничко место;

-Изградба на водовод и канализација на ул. кејска и ул 3 во УБ 9;

-Изградба на водовод и канализација на ул. бр 3 во УБ 9;

-Изградена мини брана и акумулирање на вода за наводнување и сточарство во с.Злеово;

-Исчистено речното корито на река Ступница во Подареш;

-Асфалтирање на спортско игралиште во ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица;

– Реализиран проекот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Кирил и Методиј“;

-Пуштено во употреба подрачно училиште во с.Калаузлија, нагласи Ристов.

Ристов појасни дека исто така во тек се и неколку проекти кои сериозно ќе го подобрат квалитетот на живот во општина Радовиш. Во тек е изградба на мултифункционална сала за венчавки со галерија, изградба на улица Кејска и ул бр. 3 во урбан блок 9.2, изградба на улица бр. 3 во урбан блок 9, изградба на моста на река Марлада, избран е изведувач за изградба на локален пат Дамјан-Погулево.

„Ветивме дека Радовиш ќе биде еколошки и енергетски независен град.

-Набавивме ново возило во јавното претпријатие Плаваја за собирање на комунален отпад, ново после 30 години;

– Воведуваме субвенции за користење на велосипед и изградба на мали фотоволтаични проекти

– И она што е најважно, склучивме договор во износ од скоро милион евра за реализација на проектот зелена топлина“, нагласи Ристов меѓу другото.

Додаде дека за прв пат во Македонија воведуваат централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш, со можност за проширување на услугара и кон останатите објекти и станбени згради.