Ристовски асистира , Адеми погодува за Динамо Загреб

Динамо Загреб дојде до уште една победа во хрватското фудбалско првенство откако во 23 коло славеше против Горица со 2:1.

Македонските фудбалски репрезентативци одиграа клучна улога и на овој меч, а Ристовски му асистираше на Адеми за 1:0 во 55 минута.

Голот за победа на Динамо го постигна Оршиќ во 89 минута.